Регионален состанок: „Пристап до ефективни правни лекови за жртвите на трговија со луѓе во земјите на ЈИЕ

Сподели

 

Државната секретарка и национална координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција м-р Магдалена Несторовска денеска го отвори Регионалниот состанок на експертска група „Пристап до ефективни правни лекови за жртвите на трговија со луѓе во земјите на Југоисточна Европа“.

Состанокот е во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), во соработка и со поддршка и финансирање од Министерството за Европа и надворешни работи на Франција и Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција од РСМ, и истиот се одржува преку платформа КУДО на 3-4 март 2021 година.

На состанокот присуствуваат повеќе од 100 учесници практичари од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија, како и Франција, Грција и Словенија. По двајца претставници од сите земји ќе ги споделат добрите пракси во однос на национална пракса за процедурални права за пристап до правда и механизмите за помош и поддршка на жртви на трговија со луѓе.