Живеалиштето за кенгурите или реон попознат како „Австралија“ доби нов изглед.
Благодарение на донацијата од општествено одговорната компанија „Подравка“, кенгурите добија нов реновиран дом, со нови поилки, ограда и пропратни елементи, а просторот пред живеалиштето е збогатен со нови интерактивни содржини и игри за деца.
Белите кенгурчиња од Скопје Зоо беа вирална вест во сите светски медиуми, а покрај Пикси и Арчибалд, фамилијата има трет бел член- малото кенгурче Квики.