Решени 1. 638 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk

Сподели

 

На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 1.893 барања, од кои решени се дури 1.638. Најголемиот број граѓани на овој мејл пријавиле проблеми од областа на сообраќајот, прашања поврзани со даноците на имот, како и барања поврзани со комуналниот сектор и  кастрење  суви гранки, сечење стари и суви дрвја и уредување на јавни зелени површини. Дел од прашањата   на граѓаните се  однесуваат и за доделувањето на субвенции за инвертери, велосипеди и за електрични тротинети. 

На електронската адреса 24@skopje.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа, информираат од Град Скопје.