Рестриктивните мерки што ги донесе Владата по препорака на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на коронавирусот почнуваат од денеска и ќе бидат во сила до 20 јануари: работното време на угостителските објекти се скратува до 18 часот, а се забранува и организирање и одржување прослави на претстојните новогодишни и верски празници.
На јавните институции им се укажува дека освен што е забрането секакво групно собирање и организирање прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници, треба да се откажат и прославите што се веќе евентуално закажани.
Во рестриктивните мерки е вклучена и забраната за хотелите за организирање прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници, по одлука на Владата.