Ретвитни оброк 120 – Не фрлај храна, донирај!

Сподели

Ретвитниоброкџии и оваа сабота се во акција! Придружете се на најубавата иницијатива во градот 


За да бидете дел можете:

– Да ни се приклучите на заедничкото готвење во Гласност во петок од 17.часот (ул. Петар Поп Арсов бр.6)
– Можете да донирате намирници (леб, тестенини, месо, грашок, салати, овошје…) и да ги оставите во Freshys – Фрешис и со тоа да им овозможите на луѓето во Гласност да зготват повеќе храна.
– Згответе онолку колку сте во можност оброци од дома и спакувајте ги во алуминиумски кутии (можат да се земат од портирницата на Спомен Куќата на Мајка Тереза).
– Сортирајте или згответе јадлива храна која ви останала дома или од прослави, родендени и собиранки, спакувајте ја и донесете ја во 12:30 часот во сабота пред Мајка Тереза.

Нашето малку за некого значи многу, да не фрламе храна зошто секој заслужува достоинствен оброк!
За било каква информација, пишете ни на Ретвитни Оброк групата.
#РетвитниОброк #СмениГоСветот