Рокот за увид во Избирачкиот список истекува на полноќ

Сподели

 

Граѓаните денеска до полноќ ќе може да извршат увид во Избирачкиот список и да побараат дополнување, бришење или бришење на нивните податоци до Државната изборна комисија.

Заклучно со вторник, 7 септември, вкупно 13.502 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се вкупно 122 барања за запишување во избирачкиот список, 31 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 39 барања за измена на податоците во избирачкиот список, соопштија од ДИК.

На 14 септември истекува рокот до кога ДИК треба Избирачкиот список да го достави до политичките партии, кои пак треба до 19 септември да достават евентуални барања за негова корекција.

Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври.