„Розов Октомври“ во Општина Гостивар

Сподели

 

Во просториите на Советот на општина Гостивар, Одделението за социјална заштита при општината, во соработка со здружението „Езра“, вчера беше организираа работилницата „Розов октомври“ наменета за подигање на свеста и сензибилизација за ракот на дојката.

На работилницата присутните имаа можност да добијат бесплатни медицински совети и детални информации за ракот на дојката од докторите, др. Миранда Рамани Изаири, др. Илир Вела и др. Илир Исмаили, а присуствуваше и министерот за здравство Фатмир Меџити.

Свое обраќање по поводот имаше и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, кој најави дека секој октомври, општина Гостивар организира активности поврзани со подигање на свеста за ракот на дојка.

„Општина Гостивар секоја година во текот на месец октомври организира активности за подигање на свеста за ракот на дојка. Се надеваме дека добивме добри информации и ние како општина ќе продолжиме да ги поддржуваме сите иницијативи кои се за доброто на граѓаните, а од следната година обезбедува 50 мамографи бесплатно“, изјави градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

Потсетуваме дека оваа е шеста година како општина Гостивар организира настани со сензибилизирачки карактер од ваков вид.