РУСИЈА ја шокира УЕФА – Ја напушта Европа и ќе игра на друг контитент?!

Сподели

Loading

Од почетокот на конфликтот во Украина, фудбалската репрезентација и клубовите од Русија, како и повеќето спортисти од оваа земја се под санкции.

фото: Mikhail Japaridze / TASS

Русите се незадоволни од ваквите одлуки, бидејќи сметаат дека спортистите не треба да страдаат поради политиката. Сепак, ФИФА и УЕФА, водечките организации на светскиот и европскиот фудбал, останаа непопустливи.

Сепак, Русија би можела да и нанесе голем удар на УЕФА. Претходно се појави вест дека Русија може да ја напушти УЕФА и да се приклучи на Азиската фудбалска конфедерација. Дека тоа сериозно го мисли, вели последниот потег.

Русија ќе учествува на шампионатот на Централна Азија на кој учествуваат осум репрезентации.

На турнирот КАФА ќе играат Иран, Узбекистан, Киргистан, Таџикистан, Авганистан и Туркменистан, додека осмата селекција ќе биде позната во наредниот период кога организаторите ќе одлучи кому ќе му биде доделена вајлд-картата.

Турнирот ќе се игра од 9 до 21 јуни 2023 година, па тоа би значело дека Русија по година и пол ќе одигра официјален натпревар.

The post РУСИЈА ја шокира УЕФА – Ја напушта Европа и ќе игра на друг контитент?! first appeared on .

Powered by WPeMatico