Истражителите на Русковска денеска ја проверуваа финансиската документација и исплатата на бонуси на специјалните обвинители, за да проверат дали имало злоупотреби при исплатата на бонусите за вработените во Специјалното обвинителство.
„Се одзема само финансиска документација. Станува збор за предистрага која е отворена по допрен глас откако се објави висината на додатоците во јавноста. Доколку се утврди дека има основа за сторено кривично дело ќе се отвори и истрага за бонусите во СЈО“, вели обвинителот Љубомир Јовевски.
Во членот 14 од законот за СЈО стои дека специјалните обвинители имаат право на ваков додаток, но не се наведува за колкава сума може да стане збор. СЈО располагаше со вкупен буџет од околу 3,7 милиони евра годишно.
Обвинителитете, дел од тимот на СЈО оваа постапка ја искоментараа дека исплатите се вршеле законски.
„Не сакаме да даваме изјави. Сега на потег се колегите од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, тие нека кажат дали биле правени злоупотреби“.