Денеска, во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 44 сообраќајни прекршоци.
Упатени на вонреден технички преглед се 28 возила.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.