Санкционирани 238 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 238 возачи.

Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 120 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 118 надвор од населено место.

МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.