Санкционирани се 203 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 203 возачи.

Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа 112 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 91 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.