СДСМ: Данела секојдневно продолжува да ги манипулира скопјани за електричните автобуси

Сподели

 

Данела Арсовска секојдневно продолжува да ги манипулира скопјани за електричните автобуси. Скопјани знаат дека таа ветуваше електрични автобуси од 18 метри кои ги рекламираше на нејзината страница, а со такви реклами за прескапи електрични автобуси се излепени и автобуски станици низ Скопје.

Целокупната јавност знае дека на нејзината промоција таа најави дека решението било во „набавка на нови 250 еколошки автобуси, дел на електрични напојување, дел на природен енергенс“.

Но, иако прво ги ветуваше електричните автобуси и објавуваше фотографии од електрични автобуси, на вчерашната прес-конференција Арсовска воопшто не спомна електрични автобуси. Вчера Данела се обиде да ги „извози“ скопјани дека по 82 дена ќе започнела со набавка на 150 автобуси на природен гас CNG, како МАН-овите што ги набави Шилегов. Откако се возеше во МАН автобус, Данела вчера вети и етапно прилагодување на 100 автобуси на „алтернативен енергенс“, а не вети електрични автобуси.

Денес Арсовска повторно се обидува да ги „вози“ Скопјани, и пак спомнува електрични автобуси, а ги заборави вчера споменатите 100 автобуси на „алтернативен енергенс“.

Арсовска со недели ветуваше ВЕДНАШ набавка на електрични автобуси од европски фондови, објавуваше фотографии и реклами од прескапи електрични автобуси, а сега тврди дека „првите 150 ќе бидат на CNG“!

Дури сега ли Арсовска сфати дека не можеле ВЕДНАШ да бидат набавени електрични автобуси, туку требало претходно да се подготви инфраструктура за нив? Зошто ветуваше решавање на проблемот ВЕДНАШ со фотографии од електрични автобуси, ако знаела дека „не е возможно вие да ги донесете денес, и тие од денес од истиот ден да бидат во погон“? Дури и машински инженери од ЈСП со 40 години стаж, почнаа да и објаснуваат на Арсовска дека електричните автобуси чинат 500.000 евра и повеќе, дека за набавката на толку автобуси се потребни нова автобаза и опрема, стотици нови механичари, инженери и возачи, и дека за тоа „ЕДНА МИЛИЈАРДА не нè крпи, дури и од Тајван да е“.

Денес, повторно, Арсовска одбива да одговори колку ќе ги чинат скопјани нејзините 250 еко-автобуси, одбива да каже кога можат да бидат набавени, одбива да обелодени колку ќе чини нејзиното утописко ветување за бесплатен превоз.

Арсовска одбива да одговори затоа што воопшто нема никаков конкретен проект за 250 еко-автобуси и бесплатен јавен превоз. Кај Арсовска има само манипулации со фотографии од прескапи електрични автобуси, и нови ветувања за 150 автобуси на ЦНГ, за кои пак нема одговори колку чинат и кога можат да бидат набавени.

Арсовска продолжува да бега од прашања и дебати и да ги потценува скопјани со нереални ветувања како „Милијардата на Циле“. Затоа Арсовска ќе биде казнета на изборите на 31 октомври, затоа што скопјани не заслужуваат градоначалник кој менува ветувања од ден за ден.

За разлика од Арсовска која нема никаков проект за јавен транспорт, Шилегов има конкретен проект за Брз автобуски превоз, за кој веќе се обезбедени финансиски средства. Во зелениот проект за Брз автобуски превоз, се знае колку ќе чини секој дел од проектот, вклучително и новата флота ултра-еколошки автобуси.

 

СДСМ, локални избори