СДСМ е определена за независни медиуми и независно судство

Сподели

„СДСМ како политичка партија секогаш се залагала и ќе се заложува за слобода на медиумите и објективно, професионално и непристрасно известување на медиумите.

Апсурдни се обвинувањата на телевизијата НОВА дека СДСМ била против слобода на изразување, само затоа што нивниот сопственик, Сеад Кочан, бизнис партнер на Никола Груевски е осомничен за криминал.

СДСМ јасно е определена за независни медиуми што ќе ја гарантираат слободата на мислата и изразувањето, исто како и за независно судство, кое што ќе обезбеди правда во Македонија, затоа што независноста на институциите во државата се темел на демократијата“ се вели во соопштението на СДСМ.