Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог за законски измени со кои возачките дозволи, сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста.
Со измени на законите граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата.
Во меѓувреме граѓаните не смее да се казнуваат, никој не смее да биде казнет за учество во сообраќајот.
Ова е соодветно решение, возачките се за домашна употреба и мора да важат и понатаму.
За овие законски решенија очекуваме поддршка од сите пратенички групи во македонското Собрание.
соопштение, СДСМ