Уставните измени доставени во Собранието на Република Македонија се клучен чекор за спроведување на преспанскиот Договор којшто обезбедува иднина во ЕУ и НАТО со македонски идентитет признаен од целиот свет.
Со уставните измени се зајакнува македонскиот идентитет, се унапредува грижата за дијаспората и Македонците кои живеат во соседните земји и во светот, се гарантираат границите и територијалниот интегритет, а со повикување на конститутивните одлуки од АСНОМ, се зацврстува историскиот континиутет на државноста.
Волјата на граѓаните е јасна. Над 80 отсто од сите граѓани и над 90 отсто од граѓаните кои гласаа на референдумот јасно кажаа дека се за иднина во ЕУ и НАТО.
Сите пратеници, а особено оние на ВМРО-ДПМНЕ треба да преземат одговорност, наместо интересите на раководството на партијата за амнестија, на прво место да ги стават врвните државни интереси а тоа се интеграцијата и полноправното членство во ЕУ и НАТО.
Целокупната постапка е согладно Уставот, законите, Деловникот и врз основа на мнозинската волја на граѓаните.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да ја почитуваат мнозинската волја и да дадат поддршка на уставните измени кои го зајакнуваат македонскиот идентитет и ги отвораат вратите за влез во ЕУ и НАТО.