СДСМ: За сите злоупотреби на парите на граѓаните, ќе има одговорност!

Сподели

Новата одговорна Влада ќе ги преиспита сите нетранспарентни трошења на парите на граѓаните од Буџетот, вклучувајки ги трошењата на власта во заминување во месец јануари, за време на нејзиното техничко функционирање.

Според официјален податок, Извештајот за извршување на буџетот за месец јануари 2017 година, Владата во заминување потрошила 34.7 милиони евра повеќе од приходите што ги собрала тој месец!Односно реализирани се 34.7 милиони евра од предвидените 302 милиони евра буџетски дефицит за цела година.

Тоа е за 38% повисока реализација од планираната месечна реализација на буџетскиот дефицит.

Овој Извештај покажува дека реализацијата на капитални инвестиции во месец јануари е на многу ниско ниво од само 4.8% од предвиденото.

Ако се земе предвид колку малку пари се реализирале за капитални инвестиции, а оваа власт во заминување, како што сведочеа и самите граѓани, студентите, земјоделците им ги стопираше исплатите што редовно им следуваат по закон, со оправдување дека функционира технички, тогаш за што Владата со технички овластувања потрошила 34.7 милиони евра повеќе од собраните приходи.

Ваквите нетранспарентни трошења на народните пари ќе завршат со формирањето на новата одговорна Влада, којашто ќе ги стави на увид на граѓаните сите буџетски намени.

За сите злоупотреби на парите на граѓаните, ќе има одговорност, реагираат од СДСМ.