“Сестра” најновиот роман од Ивана Наскова

Сподели

Ивана Наскова долги години македонската јавност ја познава како радио и тв водителка (започнувајќи на радио Св. Николе, Канал 77, Клуб ФМ, паралелно појавувајќи се на Тв екраните на Тв Свет, АБ Канал, Алсат, 24 Вести, Сител, Канал 5 и Алфа ТВ).

Родена е 1989 г. во Велес. Се школува во Свети Николе. Дипломира и магистрира во Скопје.
Работи стендап повеќе години. Има успешни настапи низ цела Македонија и надвор од земјата.
Хуморот на Ивана опфаќа шеги на сметка машко-женски односи, бракот и врските. Едно секојдневие и ситуации во кои секој ќе се пронајде.
Изминативе неколку месеци во организација на продукцијата за стендап комедија Златен Заб, гостуваше заедно со сите најпознати стендап комичари од регионов (екс ЈУ простори) во популарната тв емисија “Добар ден, секој ден” на тв Алфа, каде харизматичната водителка Искра Канзурова се шегуваше барајќи сопруг за Ивана, завршувајќи го циклусот спектакуларно во Зоолошката градина во Скопје.

Наскова е авторка на книгите со љубовна тематика
“Совршениот странец” и “Вети ќе ме сакаш” (чиј превод на Англиски јазик се продава и на најпрестижната светска интернет страна Амазон).
Ивана Наскова деновиве го објави својот трет роман – трилерот „Сестра“.
Со два успешни романи позади себе, од оној вид кој се читаат во еден здив и не се испуштаат од рака, оваа трета книга може да биде највозбудливиот трилер за македонските читатели, книга која едноставно блика со напнатост, заплети и емотивен удар.

Алекса Агнис главниот лик во овој извонреден роман има единствена цел да го пронајде убиецот на својата сестра.
За сите оние кои уживаат да читаат книги каде возбудата расте со секоја прочитана реченица и чиј крај не можат да го предвидат, со големо задоволство ќе уживаат во најновото печатено издание од оваа наша авторка.
“Навистина сум многу благодарна на своите читатели што ги сакаат моите книги до последната страница. Никогаш немам однапред одредено колку број на страници ќе има некоја моја книга. Едноставно им препуштам на ликовите да одлучат колку простор им е потребно да ја раскажат својата приказна”- вели авторката.