Демонстрантите порачаа дека нема да престанат да излегуваат на улиците и ќе протестираат се додека не бидат исполнети нивните барања
СКОПЈЕ (AA) – Илјадници граѓани на Скопје, приврзаници на „ Шарената револуција” со вчерашниот протест продожија да го изразат својот револт барајќи од Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и да престанат со апсењата на демонстрантите, јавува Anadolu Agency (AA).
Со мотото „Луѓето сакаат правдата”, демонстрантите се собраа пред зградата на СЈО во знак на поддршка на работата на оваа институција, потоа продолжија пред зградата на владата, каде активистите одржаа говори. Собраните демонстранти, кои беа поддржани и од страна на најголемата опозициска партија СДСМ, се упатија кон зградата на Собранието на Република Македонија.
Демонстрантите порачаа дека нема да престанат да излегуваат на улиците и ќе протестираат се додека не бидат исполнети нивните барања.
Според демонстрантите, единствениот начин земјата да излезе од длабоката политичка криза е сегашната влада да одговара пред лицето на правдата, за како што велат, злосторствата изврешни во годините наназад, после што Македонија ќе има слободни и демократски институции.
За време на протестот забележливо беше зголеменото присуство на полициски сили, а на самиот крај вечерашниот собир, на враќање од Собранието група демонстранти фрли боја и ги искршија прозорците од зградата на Министерството на правда во центарот на градот.
AA.COM.TR