Легендата на украински фудбал Андриј Шевченко е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Украина.
Шевченко на функцијата го наследи Михаил Фоменко, кој поднесе оставка поради лошиот резултат кој го оставри со репрезентацијата на ЕУРО 2016 во Франција.
Украина е единствената репрезентација која на ЕП го загуби сите три натпревара и која не постигна ниту еден гол.
Шевченко професионалната кариера ја заврши по ЕУРО 2012 година, а играчката кариера ја мина во Динамо Киев, Милан и Челзи.
За националниот тим настапил на 111 натпревари на кои постигнал 48 голови, а во 2004 година ја освои „Златната топка“, додека во 2005 година „Златната копачка“.
Украина во квалификациите за Светското првенство во 2018 година се наоѓа во И групата заедно со Хрватска, Исланд, Финска, Турција и Косово.
The post Шевченко ќе ја води Украина во квалификациите за пласман на СП 2018! appeared first on Спорти.
Source: Sporty