Шиковска: Секој еден граѓанин е важен!

Сподели

 

Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во РС Македонија и Комитетот за односи меѓу заедниците, денеска, одржаа работна средба со претставниците на Коалицијата на граѓански организации-Форум на помалкубројни заедници во Републиката.

На работната средба зедоа учество Љатифе Шиковска, претседателката на ИППГ за поддршка на правата на Ромите, пратениците: Санела Шкриејљ, Лидија Тасевска, Александар Велјановски, како и Арбана Пашоли, претседателка на Комитетот за односи меѓу заедниците.

 

 

Целта на ова прва средба беше остварување на правата на помалубројните заедници, предизвиците и потребите во процесите на ЕУ интеграцискиот пат на Република Северна Македонија.

Претставникот на Форум на помалкубројни заедници пред присутните ги споделии досегашните идентификувани проблеми и предизвиците со кои се соочуваат помалкубројни заедници, воедно, беа доставени и барања за изнаоѓање на нивни решенија.

 

 

 

Марија Николова, посочи дека има многу предизвици пред малите заедници, како  најкритична и најмаргинализирана ја истакна влашката заедница, бидејќи бројот на говорители се повеќе се намалува, на што укажува и последниот попис во државата. Воедно упати молба за ратификација на Европската повелба за регионални јазици и јазици на малцинствата, која се занимава со заштита на јазичните права на традиционалните културни заедници на Европа.

Исто така беше иницирано барањето за укинување на квотата од 15 ученици, за оставарување на правото за изучување на мајчин јазик, изборен предмет. Системско и трајно решение за регистрација и добивање на извод на матична книга на родени, за околу 700 лица, кои живеат на територија на државата, а кои од одредени причини немаат документ за идентификација.

Пашоли посочи дека Комитетот негува култура на активно слушање на барањата на помалкубројните заедници и имаат заедничка агенда на активности и конкретни прашања со ИППГ за поддршка на правата на Ромите, но се отворени и за другите заедници, со цел изнаоѓање на оптимални решенија.

Шиковска рече дека ова е прва средба, но тука нема да застанеме, не смееме да оставиме ниту еден граѓанин позади нас, бидејќи секој граѓанин е важен.

На крајот од средбата, пристувните изразија надеж дека во иднина се помалку ќе зборуваат за остварување на егзестенцијални проблеми, туку се повеќе за унапредување на тие права.