Шилегов до Бугарскиот водител: Може ли некој вас со декрет да ве направи Бугарин?

Сподели

 

Градоначалникот Петре Шилегов беше гостин во утринската емисија на бугарската телевизија „ТВ Европа“ каде изјави дека изместувањето на тезите е всушност барање алиби за глупости.

“Денеска како гостин со јавување во живо на бугарската ТВ Европа, говорев за изјавите и изместувањето на тезите на Захариева во врска со празнувањето на 13-ти Ноември – денот на ослободувањето на Скопје. Мојот став е дека нејзините тези се алиби за глупоста што ја прави Бугарија кон Северна Македонија” – изјави Петре Шилегов.

На прашањето за коментар за ослободувањето на Скопје каде учествувале и бугарски војски, односно Првата бугарска армија, Шилегов изјави дека Скопје го ослободиле партизански единици на НОВ, придружувани од дел од трансформираната бугарска окупациска војска.  

„Она што се случило во ‘41 година е окупација на Македонија од царската бугарска војска која во ‘44 заради сплет на околности се трансформирала во ‘отечествен фронт‘. Тоа се работи кои де факто се случило и не треба да мижиме пред тоа, но да се зборува дека окупаторите кои се трансформираа во ‘отечествен фронт‘ го ослободиле Скопје е непринципиелна позиција, тие биле затекнати тука како окупциски војска и ја следеле глобалната политика на Бугарија во тој период. Треба да се погледне малку поинаку сопствената позиција. Не може да се избегне дека Бугарија била колаборатор со фашистичка Германија“, одговори Шилегов.

Според водителот, е историски факт, но неговото прашање е како изгледа бугарската позиција да не биде третирана како окупатор туку како бугарска администрација во тогашна Македонија.

„Мојот град загубил 5.000 жители за време на администрирањето. Од нив 950 во борби со администраторите, како што ги нарекувате, а останатите се цивилно население. За нијанса да бидеме покоректни како народи за да може шансата која си ја имаме дадено со Договорот да ја искористиме во најповолна смисла. Во моментов за жал има враќање на позициите на Бугарија назад кои за мене се неразбирливи. Треба многу внимателно да зборуваме. Замислете во кампања ние да користиме антибугарски позиции“, вели Шилегов.

https://www.facebook.com/p.shilegov/videos/386458605832510/