Шеесет и девет милиони евра ќе добие Македонија во наредните четири години од Швајцарија преку грантови за процесот на реформи и исполнување на европските стандарди, градење социјално инклузивна демократија и пазарна економија и ефикасно управување со природните ресурси.
Со новата швајцарска стратегија за соработка за периодот 2017-2020 година, што ја претстави денеска амбасадорката Сибил Сутер, годишно ќе се распределуваат по 17 милиони евра. Од планираните 69 милиони евра, 19,5 милион евра се наменети за поддршка на економијата. Дел од очекуваните резултати од новата стратегија меѓу другото се креирање 4.400 нови работни места, поголема транспарентност и отчетност на локалната власт, како и пристап до менаџирање на водните ресурси за дополнителни 115.000 жители.
Според амбасадорката Сутер, со партиите и институциите ќе се работи на подобрување на политичката култура и поголема ефективност на изборниот процес, ќе се помогне на стручните училишта во нивната поддршка на младите работници да стекнат вештини што му се потребни на приватниот сектор и на пазарот на трудот, а на општините ќе им се помогне да подготват планови за управување со цврст отпад и за намалување на ризиците од катастрофа.

– Особено внимание ќе им посветиме на потребите на најранливите групи граѓани во Македонија затоа што нема вистински просперитет на општество кое што не е инклузивно, истакна амбасадорката Сутер.
Со објавувањето на новата стратегија воедно се одбележуваат 25 години од соработката на Македонија и Швајцарија. Швајцарската амбасадорка оцени дека е постигнато многу и оти се подготвени да ја продолжат поддршката за Македонија со овозможување развојно одговорни институции, создавање инклузивни работни места, подобрување на квалитетот на јавната инфраструктура и заштита на животната средина.
– Швајцарија денес е меѓу најголемите билатерални партнери за соработка на Македонија и е одлучна да продолжи да ги развива односите со неа преку продлабочување на дипломатските и развојните активности во државата, изјави амбасадорката Сутер, потсетувајќи дека швајцарската држава ја поддржува политичката, социјалната и економската транзиција на Македонија од 1992 година.