Грчкиот остров Закинтос, ноќеска го погоди силен земјотрес од 6.8 степени според рихтеровата скала. Земјотресот бил почувствуван и во југо-западниот дел од Македонија, во Албанија и во Италија.
Грчкиот завод за геодинамика соопшти дека земјотресот бил регистриран во 2 часот и 54 минути по локално време и ја погодил областа околу 50 километри јужно од Закинтос, а потоа имало и низа умерени повторени потреси.
Сеизмолошкиот центар во Грција соопшти дека е издадена тревога за цунами.