Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, денеска ја поднесе иницијатива за одржување вонредна седница на Советот за загадувањето на воздухот во главниот град.
Оваа инцијатива, со советнички потписи е поддржана и од советниците од политичките партии ЛДП и ДОМ.
Ги повикуваме сите советници, посебно советниците од ВМРО-ДПМНЕ како најбројна советничка група, да дадат поддршка на оваа иницијатива во интерес на скопјани.
Претседателот на Советот, Трајко Славевски да ја прифати иницијативата и да закаже седница што побрзо, имајќи ја предвид итноста на ситуацијата.
Советничката група на СДСМ има дополнителни предлог мерки кои ќе влијаат на намалување на загадувањето и кои треба што побрзо да се усвојат.
Под еден: итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз.
Под два: воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје.
3. Итна пренамена на пари во Буџетот на Град Скопје, за зголемување на средствата за борба против загадувањето.
4. Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, (замена на котлите во системот на затоплување).
5. Подготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје.
6. Чистење на улиците и јавните површини со помош на цистерни.
7. Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.
Ги повикуваме сите советнички групи во Советот на Град Скопје да ја поддржат иницијативата и заедно да ги донесеме овие клучни мерки, да придонесеме до намалување на загаденоста на воздухот.
ВМРО-ДПМНЕ наместо да тера инает да се приклучи на оваа иницијатива.
Ова не е време за политика туку за делување.
Мерките против загадувањето на воздухот, се од значење за сите граѓани на Скопје.