СЈО анализирало 85% од прислушуваните материјали

Сподели

 

Специјалното јавно обвинителство до денеска ја анализирало содржината на 515 572 аудио фајлови, односно во обработка се 85 отсто од вкупниот број на прислушувани разговори што беа доставени во таа институција, се наведува во шестмесечниот извештај на СЈО објавен денеска.

„Како резултат на одобрувањето на обвиненијата кои претходно ги поднесовме, во извештајниот период започнаа или се закажаа рочиштата за најголем број од поднесените обвиненија. Уште повеќе, овој период веројатно најмногу ќе го одбележат првите донесени пресуди за вкупно 11 обвинети лица, кои претставуваат резултат на квалитетната работа и превземените дејствија во спроведените истраги со кои се обезбедија цврсти докази“ се наведува во извештајот.

Во него пишува дека и покрај изразената подготвеност и упатените укажувања не се преземени мерки за изготвување на аконски решенија со кои би се решила правната положба на Специјалното јавно обвинителство.

Извештајот го опфаќа сработеното за периодот од 15.09.2017 до 15.03.2018.Во тој период обвинителите на СЈО отвориле и седум нови истражни постапки против вкупно 17 лица, а заведени биле и 136 нови предистражни предмети.