СЈО поднесе жалба до Апелациониот суд за пресудата за случајот „Тифани“ во која се бара наместо условна, затворска казна за Ивона Талевска и повисока парична казна.
Ивона Талевска доби условна казна од две години за случајот доколку во наредните четири години не го повтори делото и има обврска за една година да го плати данокот што го затаила.
Од СЈО бараат повисока парична казна и за Смарт групацијата, која треба да плати казна од 200 илјади и данокот кој бил затаен и изнесува над милион денари. Талевска и Смарт треба да ги поделат судските трошоци од 2.000 денари и трошоците за вештачење од 76 илјади денари.
Жалбата на СЈО доаѓа по речиси еден месец откако Талевска призна вина