Генералниот секретар на Обединети нации (ОН), Бан Ки-мун и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изразија жалење поради слабиот одзив на групите на најразвиени земји (Г7), од кои, на хуманитарниот самит на ОН учествувала само германската канцеларка Ангела Меркел.
Ки-мун ги повика земјите повеќе да партиципираат во хуманитарната помош и да преземат заедничка одговорност за бегалците, на што поддршка даде и домаќинот на самитот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган истакна дека Турција до сега потрошила 10 милијарди долари на згрижување на мигрантите, додека придонесот на меѓународната заедница и понатаму останува на 455 милиони долари.
Светскиот хуманитарен самит во организација на ОН, го иницираше Бан Ки-мун кој ги повика светските влади, хуманитарни организации и донатори да помогнат во ублажување на хуманитарната катастрофа во светот, со цел до 2030 година бројот на раселени лица да биде преполовен.
Слаб одзив на развиените земји на хуманитарниот самит за бегалците