Вести Македонија

Слаб одзив на развиените земји на хуманитарниот самит за бегалците

Сподели:

B6D7152D-09A6-4698-BF1B-C77280823036_mw1024_s_n

Генералниот секретар на Обединети нации (ОН), Бан Ки-мун и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изразија жалење поради слабиот одзив на групите на најразвиени земји (Г7), од кои, на хуманитарниот самит на ОН учествувала само германската канцеларка Ангела Меркел.

Ки-мун ги повика земјите повеќе да партиципираат во хуманитарната помош и да преземат заедничка одговорност за бегалците, на што поддршка даде и домаќинот на самитот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган истакна дека Турција до сега потрошила 10 милијарди долари на згрижување на мигрантите, додека придонесот на меѓународната заедница и понатаму останува на 455 милиони долари.

Светскиот хуманитарен самит во организација на ОН, го иницираше Бан Ки-мун кој ги повика светските влади, хуманитарни организации и донатори да помогнат во ублажување на хуманитарната катастрофа во светот, со цел до 2030 година бројот на раселени лица да биде преполовен.

http://meta.mk/slab-odziv-na-razvienite-zemji-na-humanitarniot-samit-za-begaltsite/

 

 

Сподели: