СмартАп го прослави својот осми роденден!

Сподели

 

 

 

На 15ти јули прославивме осум години успешна соработка, наздравивме за сите досегашни достигнувања од тука, па се до веселената. Оваа година роденденот на нашата организација имаше и свое тематско прославување! Во име на големите цели кои ги поставуваме како и амбициозните доживувања кои не отсликуваат како организација овој роденден го одбележавме со тематика: СмартАп во вселената!

 

 

СмартАп во вселената!

Соодветно на тематиката секој од нашите колеги доби свој аватар, астронаут илустриран соодветно на нивниот стил и интереси. Додека пак за нашите основачи и членови на бордот: Александар Лазовски, Софија Богева и Николчо Гошев подготвивме интересен квиз со прашања поврзани со историјата на нашата ораганизација. Погледнете дел од атмосферата:

 

 

Низ нашата осум годишна работа како Лабораторија за социјални иновации работевме на проекти кои се од суштинско значење за нашето општество. Еден од нив е и градење на првиот Центар за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб. Преку креирањето на Скопје Лаб имавме за цел да го поттикнеме ко-дизајнирањето и ко-креирањето со и за граѓаните, за да се развијат услуги, проекти и политики кои ќе придонесат кон општото добро во нашите заедници.

 

 

Денес нашиот тим активно работи на креирање тренинзи и повеќе типови на работилници со цел поттикнување на иновациите во јавниот сектор. Во овој билтен ќе ве запознаеме со тоа што опфаќаат тренинзите за иновации во јавен сектор и кои се нивните придобивки.

 

Тренинзи за „Иновации во јавниот сектор“

1.Која е целта на тренинзите за иновации во јавен сектор?

Главната цел на ваквиот тип на тренинзи е развивањето на вештините и компетенциите на вработените во јавната администрација. Овие тренинзи се најуспешни кога вклучуваат различни институции и сектори. Тренинзите во најголем дел опфаќаат претставувње на методологии и алатки за иновирање со фокус на корисникот и начинот на реализирање на услугата. Важен дел од овие тренинзи е тимската работа и тимскиот дух кои играат клучна улога, не само во спроведувањето на тренинзите, туку и во самиот процес на иновирање.

2.Кој е нашиот пристап и што опфаќаат тренинзите?

Најчесто тренинзите опфаќаат теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел го опфаќа презенитањето и објаснувањето на методологијата и алатките кои ќе се користат за време на тренигот. Нашиот тим овие тренизи ги спроведува користејќи ја Design Thinking методологијата, а алатките се избираат во зависност од учесниците на тренингот и нивните потреби. Практичниот дел најчесто опфаќа работа на предизвик што учеснциите самите ќе го идентификуваат. Од исклучително значење е предизвикот кој го обработуваат да биде релевантен за нив и нивната работа. Токму затоа ги поттикнуваме да ги идентификуваат проблемите и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат и за истите да дадат свои предлог решенија. Практичниот дел се базира на тимска соработка и меѓусебна поддршка при креирањето на предлог решенија.

3.Кои се придобивките од овие тренинзи?

Една од главните придобивки од овие тренизи е запознавањето со поинаков пристап кон работата. Пристап кој вклучува методи и алатки за иновирање во јавниот сектор, било тоа да се мали чекори што било кој може да ги преземе или пак суштинска трансформација во начинот на работа. Детектирањето на проблеми и предизвици како и соочувањето со истите е уште една придобивка, која значајно влијае врз понатамошната работа на учесниците. На листата од придобивки ја имаме и можноста за меѓусекторска соработка како и соработка со претставници од повеќе институции вклучени во самите процеси кои се обработуваат. Влијанието на сите овие продобивки понатаму придонесува кон значајни промени при квалитетот на услугите како и ефикасноста во работата.

Веруваме дека иновациите во јавниот сектор се можни и неопходни и истите вијаат врз подобрувањето на јавните услуги, но и на општеството во целина. Токму затоа активно работиме на креирање на тренинзи, работилници и програми кои имаат за цел да помогнат во развојот на иновациите во јавниот сектор, во нашата држава и пошироко.