Кино Фросина, МКЦ, 14 Јуни
На 14 јуни 2016 година во фоајето на кино „Фросина“ при МКЦ, со почеток во 20.30 часот, ќе биде промовирана „Со ветрот под рака“, новата поетска збирка на Долорес Атанасова-Лори.
„Со ветрот под рака“ е нејзина втора поетска збирка и се состои два поетски циклуса.
„Д.А. Лори ни нуди таков жар додека читаме што забораваме дека внатрешното устројство е исполнето со интимен порив. Соживувањето со поетскиот глас е неизбежно, стилската изведба со жестокост, но и со доза избалансирана, умерена итрост си поигрува со архетипите што ни се досега (не)познати, симболичност што плови на моменти во мирно море, а на моменти нè фрла во вакуумот помеѓу карпата и бранот што удира во неа. Чувството да се има новата книга на Д.А. Лори, ‘Со ветрот под рака’, во свои раце пред другите и да знаеш дека таа создала едно дело што ќе остане врежано во историјата на современата македонска поетика е уникатно, прекрасно, во најмала рака ветровито“, пишува во рецензијата кон книгата поетот Митко Гогов.