Собрани 1,8 милиони потписи за смена на претседателот на Венецуела

Сподели

 

Opposition demonstrators on Feb. 12. Armed pro-government groups attacked and shot at people protesting against Maduro's government late last Tuesday in the Andean city of Merida in western Venezuela, injuring five, activists said.

Приврзаниците на венецуелската опозиција излегоа на протести барајќи референдум за отповикување на претседателот Никола Мадуро.

Венецуела е во криза, поделена од политичката војна помеѓу парламентот, кој го држи опозицијата, и социјалистичката влада, во време кога народот е незадоволен поради колапсот на економијата на оваа земја богата со нафта.

Приврзаниците на коалицијата Тркалезна маса за демократско единство, на десниот центар, протестираа во Каракас и најавија дека ќе продолжат со протести и утре низ целата земја пред канцелариите на Националната изборна комисија.

Слоганот на протестите е „Мојот потпис има вредност“.

За референдумот собрани се вкупно 1,8 милиони потписи, а потребниот минимум за да се разгледа тој предлог е 200.000.

Опозицијата смета на незадоволството на народот за да изврши притисок на власта за да се одржи референдумот. Уморни од долгите редови во самопослугите, од секојдневниот прекин на струјата, 70 отсто од Венецуелците, според некои анкети, сакаат заминување на претседателот Мадуро, чиј мандат истекува во 2019 година.

Собрани 1,8 милиони потписи за смена на претседателот на Венецуела