Собранието на Република Северна Македонија, во рамки на 104. пленарна седница, избра четворица нови министри во Владата, по предлог на премиерот Димитар Ковачевски.
Кренар Лога е избран за министер кој ќе раководи со Министерството за правда.
За министер за здравство е избран Фатмир Меџити.
Азир Алиу е избран за министер во Министерството за информатичко општество и администрација.
Со Министерството за животна средина и просторно планирање ќе раководи Каја Шукова.
Претходно, Собранието ги разреши досегашните министри во министерствата за здравство и за информатичко општество и администрација, како и министерот без ресор задолжен за дијаспора. Исто така, беа констатирани и оставките на досегашните министри за правда и за животна средина и просторно планирање.
Во рамки на 104.седница, Собранието продолжува со работа по преостанатите две точки од дневниот ред: Предлогот за разрешување заменици министри во Владата на Република Северна Македонија и Предлог за именување заменици министри.