Софтверски донации од „Мајкрософт“ за поддршка на граѓанскиот сектор

Сподели

85471d51-6709-4dcd-bf8c-8105545b19c5

Фондацијата „Метаморфозис“, заедно со локалната канцеларија на „Мајкрософт Македонија“, денеска во Конгресниот центар на Скопски саем, организираше ден на „Мајкрософт“, посветен на граѓанскиот сектор „Со технологија до успех“.

Претставниците на граѓанскиот сектор имаа шанса да дознаат повеќе за можноста да добијат софтверски донации од програмата на „Мајкрософт“ за поддршка на граѓанскиот сектор, која ја спроведува „Метаморфозис“, преку платформата „Теchsoup Balkans“.

Влора Адеми, менаџер за академските програми на „Мајкрософт“ рече дека нивната амбиција е да ја поттикнат продуктивноста, соработката, споделувањето на идеи и креативноста.

– „Офис 365“ и „Офис 2016“  се дизајнирани да им овозможат да луѓето да се фокусираат на прогресот, не на процесот, на заедничкото работење, споделување на ресурси во било кое време на било кој уред. Ние во „Мајкрософт“ од секогаш сме ја препознавале важноста на работата на непрофитните организации и верувавме дека може да им помогнеме со тоа што ќе има ја ставиме на располагање нашата најнова технологија. Така, во рамки на нашите програми за општествена одговорност ја креиравме иницијативата „Со технологија до успех“ (Technology for good) за да придонесеме кон решавање на комплексните социјални и општествени проблеми. „Мaјкрософт“ е горд што има можност да соработува и поддржува повеќе од 86.000 непрофитни организации ширум светот вклучувајќи ја и Македонија, на кои им овозможува технологии кои што им се потребни да работат со локалните заедници – изјави Адеми.

Според извршниот директор на Фондацијата „Метаморфозис“, Бардил Јашари, овие настани се дел на континуираните напори за градење на капацитетите на граѓанските организации, со цел тие да станат поефикасни, подобри и поактивни во исполнување на нивните мисии.

-„Метаморфозис“ го помага градењето на капацитетите на невладиниот сектор преку ширење знаење со помош на обуки и менторства, обезбедување пристап до знаења преку издавачка дејност, а и преку обезбедување пристап до различни софтверски решенија – како што се во овој случај технологиите на „Мајкрософт“. Конкретно, „Метаморфозис“ овозможува софтверски донации преку платформата „Techsoup Balkans“. Со поддршката на „Мајкрософт“, „Метаморфозис“ на невладините организации од Македонија, Косово и Албанија им нуди можности за добивање легален софтвер во форма на донации. Како дел од платформата, „Метаморфозис“ овозможува и директни консултации за граѓанските организации во рамки на отворените денови (секој втор петок), како и на индивидуално барање, со цел што повеќе организации од Македонија да имаат прилика да ги искористат можностите за донации – изјави Јашари.

Софтверски донации од „Мајкрософт“ за поддршка на граѓанскиот сектор