Соработка на Архивот со мисионерите на милосрдието „МАЈКА ТЕРЕЗА“ од Сан Франциско

Сподели

 

Во посета на Државниот архив беше г. Брајан Колодијчек, директор на Центарот на мисионерите на милосрдието „Мајка Тереза“ од Сан Диего, САД, кој  предводи истражувачки тим за ликот и делото на светицата Мајка Тереза. Во рамките на посетата беше одржан работен состанок со директорот м-р Христа Најданов, раководителот на Сектор, Светлана Успрцова и раководителот на Одделение – Скопје, Татјана Алексовска-Сапунџиоска, на кој стана збор за различни можности за идни соработки и за концепти за натамошни истражувачки активности во Државниот архив.

Невладината организација Центар „Мајка Тереза“ (https://www.motherteresa.org/) заедно со Институтот „Мајка Тереза“, меѓу многуте други активности, го промовираат животот и делото на светицата преку подготовка и публикување нејзини оригинални ракописи и материјали. Досега се објавени три публикации, а четвртата, биографија за Мајка Тереза е во фаза на подготовка.

Поради таа причина, истражувачки тим од Центарот деновиве е во посета на родниот град на Мајка Тереза со мисија да дојде до што повеќе информации за неа.