Соседните медиуми за апсењето на Орце Камчев – сознанија или шпекулации?

Сподели

 

Притворањето на Камчев предизвика бројни шпекулации, а го привлече и вниманието на медиумите во соседството. Додека медиуми во Србија претежно информираат дека е „приведен еден од најбогатите Македонци“, во бугарски медиуми акцентот е ставен на фактот дека „е притворен бизнисменот предлаган од Бугарија за почесен конзул”, пишува Дојче веле.

Ниту од Обвинителството, ниту од Агенцијата за национална безбедност не може да се дознае за содржината на сознанијата до кои дошла (АНБ) околу наводната подготовка за бегство на бизнисменот Јордан Камчев, освен неофицијални оценки дека дека станува збор за темелна информација и навремена реакција. Токму тие сознанија биле основа МВР да го лиши Камчев од слобода, Обвинителството да побара притвор во траење од 30 дена, а судот да ја определи таа мерка. Во недостиг на информации, во јавноста се шират безброј шепекулации, а според содржината и околностите, во наредниот период може да добиваат повеќе политички отколку, правен предзнак.

За разлика од неодамнешната епизода со Мијалков, кога обвинителката Русковска од свои извори добила информација дека тој се подготвува за бегство, па се обидела тие сознанија да ги провери со МВР и АНБ, овојпат насоката е обратна – сознанијата ги имала АНБ.

Секогаш кога станува збор за притвор врз основа на сознанија/службени белешки, постоеле сомневања околу веродостојноста на тие образложенија, односно сомнеж во мотивите. Според правници, таквите сознанија навистина мора добро да бидат добро објаснети, поткрепени и аргументирани, за судот да има основа да донесе соодветна одлука. Но признаваат дека кај нас имало исклучоци од добрата практика.

Целиот текст објавен во Дојче веле, можете да го прочитате тука.