Совет на амбасадори: Да се расчисти случајот со сајберскиот напад

Сподели

 

Советот на амбасадори со големо внимание ги следеше предвремените парламентарни избори кои се одржаа во специфичен момент на вирусната Ковид пандемија која не ја заобиколи нашата земја. Почитувањето на здравствените протоколи и другите правила за еден ваков значаен настан кога граѓаните одлучуваат со својот глас за својата иднина ја покажа зрелоста на тие што излегоа да гласаат. Успешно дејствуваа и дел од државните институции и невладини организации во сите фази на изборите. Ги цениме поддршката и донациите на ЕУ и неколку странски дипломатски мисии акредитирани во нашата земја како и позитивните оценки на сите набљудувачи.

Во Република Северна Македонија во последните три години се спроведоа првичните и долгоочекувани реформи кои донесоа историски решенија непосредното соседство. Со овие клучни чекори дефинитивно се потврдија  атлантски и европски перспективи прокламирани во првите години по осамостојувањето.

Активностите на Државната изборна комисија требаше да бидат на многу посовремен начин реализирани при што Советот смета дека е неопходно да се расчисти случајот со сајберскиот напад и начинот на договарање во четири очи и без тендер при купување на софтверски системи што е надвор од сите законски норми.

Советот одлучно е против настапите на поедини партиски челници со  популистички изјави и услови во предвечерјето на официјални разговори за идната коалициона влада. Во денешниот развој на нашата заедница на равноправни граѓани недемократски тези  можат повторно да ги забавуват процесите и да го отежнуваат стартот на преговорите со ЕУ.

Советот  на aмбасадори и сугерира на идната влада со големо внимание да ги анализира забелешките на ОБСЕ-ОДИХР изнесени во заедничкиот став на Високиот претставник за надворешни работи на Унијата Жозеф Борел и Комесарот за проширување на Унијата Варлехеј и благовремено да се посвети на изработка на нова законска регулатива во која ќе бидат вградени сите забелешки кои ќе овозможат организирање на фер и демократски  наредни локални избори.

Советот на амбасадори укажува на претстојниот период во кој земјата ќе се соочи со многу сериозни проблеми на економско-финансиски план кој заедно со здравстената ситуација се клучни точки за нашата блиска иднина. Затоа, од првите денови  на август кога  започнува постапката за формирање влада, граѓаните ќе очекуваат одлуката за учество да ја донесат партии кои ќе бидат цврсто определени за ефикасно и чесно справување со предизвиците кои се пред нас посебно во борбата против  пандемијата на коронавирусот. Определбата на новата влада мора да биде бескомпромисната борба против корупцијата, конечно реформи кои ќе донесат владеење на правото и целосна подготовка за евроинтегративните процеси – се наведува во соопштението на Советот на Амбасадори.