Здружението „Совет на Амбасадори“ ја следи со големо внимание парламентарната и јавната дебата околу пописот на населението, становите и домаќинствата во Република Северна Македонија. Тоа е значајна статистичка операција која што не е направена веќе дваесет години.
Нашата држава е членка на НАТО и аспирант за членство во ЕУ, сериозни организации во кои земјите, освен придобивките треба да исполнуваат и одредени обврски. Пописот е значаен и како исполнување на наша обврска заради стручни, научни, економски, политички и дипломатски анализи од членството во Обединетите нации и другите меѓународни организации (Светска банка, ММФ, ОБСЕ, СЗО, ИЛО, ИСО, …).
Оттаму, „Совет на Амбасадори“ ја поздравува решителноста на Владата за успешно изведување на оваа статистичка операција.
„Совет на Амбасадори“ жали што овој мошне значаен зафат уште во фазата на подготвување, наместо да биде строго статистичка операција е исполитизиран од страна на одредени политички субјекти и поединци со тенденција на повикување на бојкот.
„Совет на Амбасадори“ верува дека и покрај одредените несогласности меѓу политичките партии околу донесувањето на Законот за попис, сепак Методологијата за работа треба да се донесе во соработка и со консензус меѓу сите политичките чинители.
„Совет на Амбасадори“ ги повикува политичките партии и невладиниот сектор да дадат свој придонес во успешното одвивање на пописот на населенито, становите и домаќинствата се наведува во денешното соопштение на Советот на Амбасадори.