Советот на Европа го врати правото на глас на Русија

Сподели

 

Парламентарното собрание на Советот на Европа (PACE) денеска изгласа враќање на правото на глас на Русија, кое ѝ беше одземено пред пет години, кога Крим со референдум ја поврати укинатата автономија и изгласа присоединување кон Руската Федерација. Русија потоа го припои Крим на својата територија, што беше карактеризирано како анексија на украинска територија.

Собранието на седницата во Стразбур враќајќи го правото на глас на руските пратеници, со 118 гласови „за“, 62 „против“ и десет воздржани, им овозможи утре да гласаат за изборот на новиот Генерален секретар на Советот на Европа. Фаворит за оваа позиција е Дидие Рејндер, министерот за надворешни работи на Белгија, кој се смета за наклонет на Русија.

Потегот за враќање на правото на глас било поддржано од Франција, Германија и Швајцарија, кои се три од водечките земји во 47-членото тело кое се грижи за човековите права и демократијата во Европа.

meta.mk