Премиерот Оливер Спасовски на неговиот официјален фб профил изјави дека со мерката претпазливост и посветеноста на здравствените работници ги дадоа посакуваните резултати и дополнителна мотивација да се продолжи заеднички во борбата со коронавирусот.
“200 излечени наши граѓани од КОВИД-19 е веста што ни дава дополнителна мотивација да продолжиме заеднички со лечењето и со спречувањето на ширењето на коронавирусот.
Регистриравме и ден со поголем број излечени од новозаразени.
Тоа е резултат на големата, огромна посветеност за здравствените работници и на граѓаните што се придржуваат до мерките на претпазливост. Тие ги заслужуваат најголемата благодарност и сите признанија.
Да продолжиме да ги почитуваме мерките за физичка дистанца, за носење лична заштитна опрема, да се воздржиме од групирања и така да создаваме услови за стабилизирање на животот и постепено нормализирање под изменети услови.”
Оливер Спасовски, фб статус