Средба Исаки- Чаудари

Сподели

 

Заменик министерот за надворешни работи на РС Македонија, Фатмире Исаки, денес оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Исламска Република Пакистан за Република Северна Македонија, со седиште во Софија, г. Модсар Чаудари, по повод предавањето на копиите од акредитивните писма.

Соговорниците ги оценија билатералните односи помеѓу двете земји како добри и позитивни, со уверување дека  треба да се посвети внимание на продлабочување на соработката, особено во економската сфера. Ја истакнаа и заложбата за интензивирање на севкупната билатерална соработка во иднина.

Беше изразено задоволството за одличната соработка на мултилатерален план и меѓусебната поддршка на кандидатурите во меѓународните институции.

ЗМНР Исаки и Амбасадорот Чаудари разговараа и за други актуелни билатерални прашања и изразија уверување дека добрата соработка помеѓу двете земји ќе продолжи и по завршувањето на изборниот период.