Средба на министерот Спасовски со рускиот амбасадор Сергеј Александрович Баздникин

Сподели

 

Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, се одржа средба помеѓу Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија г. Оливер Спасовски и Амбасадорот на Руската Федерација Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин со придружна делегација.

 

 

На средбата се разговараше за унапредувањето на меѓусебната билатерална соработка, при што од руската страна се заблагодарија за пружената поддршка при организацијата на изборите и пружањето на можноста руските државјани во нашата земја да го остварат своето право на глас.

Истовремено, Амбасадорот посочи дека персоналот на Амбасадата на Руската Федерација целосно се придржува до законите и прописите во нашата земја и ќе продолжи со истото и во иднина.