“Со претседателот Емануел Макрон имав одлична средба и динамичен разговор денеска во Париз. Средбата беше можност да ја потврдам нашата заложба за европска интеграција и да го информирам претседателот Макрон дека ние немаме резерва за изменета методологија за водење на претпристапните преговори со ЕУ, со цел продлабочување на процесот. Претседателот Макрон најави посета на Северна Македонија во првата половина на 2020” – напиша претседателот Пендаровски по средбата со фррансуцкиот претседател Макрон.
Изјави, Стево Пендаровски, 12. ноември, 2019 година