Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, оствари средба со градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.
На средбата било разговарано за прашања од непосреден и заеднички интерес, остварување на заедничките цели и интензивирање на комуникациите помеѓу двете соседни земји.
-Прекуграничната соработка, отворањето можности за соработка во туризмот, културата и локалните политики се од голема важност за граѓаните на Македонија и Грција бидејќи директно влијаат на квалитетот на животот, изјави Заев. Тој исто така посочи дека Владата ќе поддржи сите проекти од идните договори за конкретна соработка.
Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис посочи дека на средбата не се опфатени прашања од надворешната политика, туку е дискутирано за соработката меѓу претставниците на локалните власти која е важна за понатамошна соработка меѓу луѓето и земјите.
Бутарис изјави дека го информирал премиерот Заев за прашањата кои биле дискутирани со министерот Димитров во Солун. Почнувајќи од каналот Вардар-Дунав кој е особено важен за двете земји и културните, еколошките и социолошките настани кои треба да почнат да случуваат помеѓу градовите.
На средбата премиерот Заев изрази сочувство и жалење до семејствата на загинатите во поплавите кои зафатија делови од Грција.