Средношколците бараат бесплатен автобуски и железнички превоз

Сподели

 

Сојузот на средношколци бара бесплатен автобуски и железнички превоз во сите региони од државата во текот на целата година.

Сојузот на средношколците подготви предлог-законски решенија кои се однесуваат на бесплатен превоз за сите средношколци и гарантирање на ученички совети во секое училиште, информираше денеска претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ.

„Очекуваме да добиеме поддршка од сите пратенички групи, бидејќи станува збор за исконско барање на средношколците, од мај 2021 година, а секако е во интерес и на локалните економии, па очекуваме сите партии да го поддржат“, рече Павиќевиќ.

Сојузот на средношколци се сретна со градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска.

„Што се однесува на јавниот превоз, од градоначалничката добивме гаранција за остварување на нашата заложба за праведен јавен превоз за сите средношколци преточена во Меморандумот. Таа ни посочи дека нејзината врата е секогаш отворена за барањата на средношколците“, соопштуваат од средношколската организација.

Од средношколската организација нагласија и дека официјално добиле кандидатски статус за членство во Организирачкото биро на европските средношколски сојузи (ОБЕССУ), односно дел од Европската Унија за средношколски организации.