ССМ го започна генералниот штрајк пред Собранието

Сподели

 

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска стапија во генерален штрајк, барајќи линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година.

– Како што најавивме денеска цела Македонија штрајкува во јавниот сектор, а ССМ бара поддршка од народните избраници за поднесениот амандман 2.806 денари за сите работници веднаш и сега или убаво кажано од 1 јули, изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Во преговорите со Владата се договориле од 1 јули да биде потпишан колективниот договор за јавниот сектор, но како што вели тој, нема никаков одговор од надлежните и поради тоа се чувствуваат излажани и изманипулирани.

Штрајкот на вработените од јавниот сектор ќе се одвива секој ден од 10 до 11 часот, така што ќе го прекинат работниот процес и ќе излезат надвор. Само десет проценти од вработените ќе работат онаму каде што е потребно за итни случаи. Штрајкот, како што најавија, ќе трае сè додека не бидат исполнети нивните барања.