Стартува пилот програмата за сеопфатното сексуално образование

Сподели
 
Започнаа обуките на наставниците за пилот- програмата за сеопфатното сексуално образование коешто ќе се воведе од идната учебна година и во чии рамки ќе се учат децата токму на овие работи.
 
Во процесот на воведување на ова образование е вклучено Бирото за развој на образованието, граѓанската организација ХЕРА, како и меѓународни организациии – УНЕСКО, УНДП, СЗО, УНФПА – Фонд за население на ООН.
 
„Сексуално образование многу често е поставувано како нешто што не треба да се прави, не треба да се зборува во училиште. Но кога ќе го поедноставиме и кога ќе кажеме дека зборуваме за ненасилство, за прифаќање на себе, на своето тело, за градење релации со другите луѓе околу нас, за создавање партнерски однос, дискусија околу своите емоции, тогаш сите велат да, тоа е потребно. Токму затоа сите истражувања покажуваат дека и родителите и наставниците и учениците имаат потреба од воведување на овие теми во формалното образование, затоа што не секое дете има можност дома да разговара за овие прашања и така неинформирани влегуваат во одредени релации и односи, на погрешен начин, често повредувани, често злоупотребувани и често неприфатени од околината и од себе“, рече Царовска.
 
 
 
Прифаќањето на себе и на своето тело, партнерските односи, заштита од насилството и родовата еднаквост се теми кои ќе се изучуваат преку наставните програми во основно образование. Со овој пристап ќе создадеме генерации кои ќе бидат информирани, сигурни во себе и емоционално развиени. Со овој пристап исто така ќе превенираме злоупотреби и обезбедиме подобар раст и развој на децата.