Стартува возење во ЈСП само со електронска картичка

Сподели

Eлектронската наплата во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и приватните превозници ќе почне задолжително да се применува од следната недела. Првичната цена на електронска картичка ќе изнесува 150 денари.

Покрај во возилата, картичките ќе може да се купат и во сите 26 билетарници на ЈСП, во инфо-центрите, како и во продавниците кои имаат склучено договор со ЈСП, информираат од ова претпријатие.

Секој патник во јавниот градски превоз ќе биде должен да поседува ваква карта, персонализирана или неперсонализирана за лица кои поретко користат јавен градски превоз и на која нема да има фотографија.

Возењето и понатаму ќе чини 35 денари, а кредитот на картичките ќе може да се надополнува со најмалку 100 денари. Ќе постои и опција за плаќање со помош на мобилен телефон, но истото ќе чини 40 денари.

За официјалниот старт на новиот начин на наплата граѓаните дополнително ќе бидат информирани преку плакати во возилата.