СТАВ: ЈАС СЕПАК СУМ ОПТИМИСТ – Мерсел БИЉАЛИ

Сподели

Став: Мерсел Биљали, по повод изјавата на премиерот Заев: Би заменил две Нобелови награди за датум за преговори со ЕУ

Мислам дека тука влогот е оргомен, а и моралната димензија на владата и нејзиниот прв човек.

Заев поминувал неколку пати низ деветиот круг на пеколот на Данте и ќе биде катастрофа ако не го добие заслуженото. Но, јас мислам дека тука не е многу во прашање оставката на владата. Тоа е најмалата цена што може да ни се случи нам и на Европа. Сигурен сум дека ЕУ е свесна дека во Грција на есен ќе има конзервативна влада во друштво со екстремни десни партии. Тие ќе посакуваат рестриктивно толкување на одредени определби на Преспанкиот договор, поради внатршната јавност.

Замислете што ќе се случи ако и тука ВМРО формира влада!? Тоа како да ставате мачки и кучиња во иста вреќа.

Второ, кој сигнал ЕУ ќе упати кон Србија и Косово за тие да продолжат со дијалогот и решението ако тие убаво гледаат што ѝ се сличи на владата на Северна Македонија.

Јас сепак сум оптимист дека ќе има датум за преговори и тоа сега или евентуално наредниот месец.

Па ние со Груесвки загубивме цели 13 години па не се сруши небото.

И на крајот, нели е деградација и на самата Унија кога на нобеловците ќе им се врачи наградата оти се самопожртвувале за европски манири, а двајцата ги загубиле изборите!