Трката меѓу демократскиот кандидат Бајден и републиканецот Трамп, секако дека е многу тесна, иако сите сондажи предвидуваа голема разлика во полза на Бајден. Но, сепак мислам дека Бајден има големи шанси за победа. Трката зазема поинаков тек заблагодарувајќи најмногу на Мichigan, кој во последен момент ги пренасочи ветриштата во насока на мелниците на Бајден. Тука се и двете држави каде што сеуште се непреброените целосно гласовите (Wisconsin и Nevada), каде што води Бајден, така што мислам дека брзо ќе имаме целосен победник со 270 електорални гласа колку што се потребни за да се стане претседател. Инаку, САД е единствената земја на светот која има таков електорален систем каде што можете да имате милиони гласови повеќе од противникот, а да ги загубите изборите. Тоа е поради електоралните гласови на нејзините федералните единки. Сосема очекувано е Трамп дека ќе ја оспори одредената количина гласови, посебно дел од нив по пошта пред Врховниот суд. Неслучајно, по смртта на една судијка, судот се комплетирал на ненормално брз начин и по прв пат во историјата на САД помина во Сенатот без поддршка на опозицијата. Јас, сепак, очекувам дека ќе победи Бајден. Тоа ќе биде поинаков пристап кон севкупните односи во светот, односите со ЕУ и НАТО, а секако и со Западниот Балкан кому многу е потребна американска и ЕУ поддршка. Секако дека и нашата држава ќе има полза од новата администрација, првенствено развојно, интеграционо и безбедносно. Поддршка за бројни коридори и „Мини-Шенгенот“.